Вести Свет Топ вести

Вооружена престрелка во кафуле на Халкидики: Тројца повредени и петмина уапсени

Пет лица се уапсени и се трага по уште едно лице, а повредени се тројца во пукање во кафуле на плажа во Ханиоти на Халкидики во кое, според грчките медиуми, учествувале бугарски државјани, а не е исклучена веројатноста да се работи за мафијашка пресметка.

Инцидентот се случил доцна синоќа кусо пред полноќ додека во барот се одржувала музичка вечер и присутни биле и семејства со деца, а причините за пукањето засега се непознати.

Според државната телевизија ЕРТ инцидентот бил помеѓу сопственикот на кафулето и неколку лица, кои почнале да пукаат со огнено оружје.

Повредени биле три лица и пренесени во болница, додека пак полицијата уапсила петмина, а се трага по лицето што пукало.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телефонската линија 192 за пријавување во полиција е во прекин поради технички проблем, во функција е бројот 112

Дејан Дејан

Еден преживеан во уривањето на патничкиот авион во Индија

Дејан Дејан

Една година мандат – колку ветувања се остварени?   

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе