Вести Свет

Талибанците одбележуваат трета годишнина од нивното владеење во Авганистан

Главниот верски водач на Талибанците рече дека групата го трансформирала Авганистан во земја заснована на шеријатскиот закон, додека поранешните талибански бунтовници ја одбележуваат третата година од доаѓањето на власт со голема воена парада во воздухопловната база Баграм во близина на Кабул.

„Тоа е исламски систем заснован на шеријатскиот закон што се применува овде“, рече врховниот водач Хаибатула Акунзада во пораката пренесена од портпаролот на талибанската администрација, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека волјата и шеријатот на Алах ќе се применуваат додека тој живее.

Странски дипломати, активисти за човекови права и многу Авганистанци ја обвинуваат строгата примена на шеријатскиот закон од страна на Акунзада за бројните ограничувања на образованието, облеката и движењето на жените кои беа воведени во последните три години.

По повлекувањето на странските сили предводени од САД по 20 години војна, талибанците влегоа во Кабул на 15 август 2021 година. За да ја одбележат годишнината, талибанците одржаа голема воена парада со опрема што некогаш и припаѓала на авганистанската армија, која подоцна be[e одземена.

Три години подоцна, талибанците подобрија некои економски показатели како што е извозот, а вооружените конфликти престанаа, иако нападите на радикалите на Исламската држава во урбаните средини повремено продолжуваат.

Големите намалувања на помошта за развој и ограничувањата на банкарскиот сектор предводен од Вашингтон, сепак, придонесоа за голема хуманитарна криза во земјата, при што повеќе од половина од населението има потреба од помош за да преживее.

Западните влади велат дека секое укинување на санкциите е блокирано додека Талибанците не го сменат својот став кон правата на жените.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе