Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да дозволат напади со оружје со долг дострел врз цели во Русија.
„Колку похрабри се одлуките на нашите сојузници, толку помалку (рускиот претседател Владимир) Путин може да направи“, изјави Зеленски за време на своето редовно вечерно обраќање.
Тој исто така го пофали „добриот напредок“ на Украина во руската област Курск, истакнувајќи дека Киев ја постигнува својата стратешка цел.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.