Вести Свет

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон се врати во Шпанија по речиси 7 години во бегство

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кој избега од Шпанија откако го организираше референдумот за независност во богатиот шпански регион пред речиси седум години, и кој подоцна беше прогласен за нелегален, се врати во земјата и покрај налогот за апсење.

Пуџдемон пркосно се појави во Барселона по патувањето од Белгија и одржа говор пред голема толпа поддржувачи.

Тој се соочува со обвиненија за злоупотреба на неговата положба во обидот да се оттргне Каталонија од остатокот од Шпанија во 2017 година.

Пуџдемон се појави во централниот парк во Барселона каде неколку илјади поддржувачи на сепаратистите кои се собраа во очекување на неговото пристигнување вееја каталонски знамиња.

Обраќајќи им се на присутните во толпата, Пуџдемон ги обвини шпанските власти за „пресметување“ со каталонското сепаратистичко движење.

„Во последните седум години бевме прогонувани затоа што сакавме да го слушнеме гласот на каталонскиот народ“, рече Пуџдемон.

По обраќањето Пуџдемон брзо го напуштил местото со автомобил што го чекал, по што брзо се оддалечил.

Не е познато каде се наоѓа Пучдемон, а полицијата не даде никаков коментар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

И 41-от обид неуспешн за конституирање на собранието на Косово

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонскиот идентитет се брише од извештајот на талибански начин

Дејан Дејан

Ковачев: Постигната согласност да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе