Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кој избега од Шпанија откако го организираше референдумот за независност во богатиот шпански регион пред речиси седум години, и кој подоцна беше прогласен за нелегален, се врати во земјата и покрај налогот за апсење.
Пуџдемон пркосно се појави во Барселона по патувањето од Белгија и одржа говор пред голема толпа поддржувачи.
Тој се соочува со обвиненија за злоупотреба на неговата положба во обидот да се оттргне Каталонија од остатокот од Шпанија во 2017 година.
Пуџдемон се појави во централниот парк во Барселона каде неколку илјади поддржувачи на сепаратистите кои се собраа во очекување на неговото пристигнување вееја каталонски знамиња.
Обраќајќи им се на присутните во толпата, Пуџдемон ги обвини шпанските власти за „пресметување“ со каталонското сепаратистичко движење.
„Во последните седум години бевме прогонувани затоа што сакавме да го слушнеме гласот на каталонскиот народ“, рече Пуџдемон.
По обраќањето Пуџдемон брзо го напуштил местото со автомобил што го чекал, по што брзо се оддалечил.
Не е познато каде се наоѓа Пучдемон, а полицијата не даде никаков коментар.