Вести Свет

Хезболах нападна кибуц на северот на Израел – ја презеде и одговорноста

Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека извршила напад на кибуцот Манара, на северот на Израел, и оти има повредени. Според соопштението што е издадено, по нападот настанал пожар.

Хезболах наведе дека нападот е извршен „со цел за поддршка на палестинскиот народ во Појасот Газа“, како и за израелските напади врз села на југот на Либан, пренесува „Скај њуз“.

Израелските одбранбени сили, истовреме, информираа дека две ракети денеска биле истрелани од Либан врз евакуирана населба во северниот дел на земјата и оти засега нема информации за евентуално повредени или загинати лица, јавува „Тајмс оф Израел“.

Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, како и претходно за кибуцот Манара.

Израел во текот на ноќта изведе серија воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан, откако ја обвини либанската проиранска милитантна група за нападот врз село на Голанската висорамнина во кој загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои најголем дел тинејџери.

Хезболах негираше одговорност за тој напад, а Израел ги отфрли таквите деманти и најави силен одговор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе