Вести Свет

Српската полиција го ликвидира убиецот на полицаец во близина на Лозница

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави попладнево дека убиецот на полицаецот е ликвидиран.

„Припадници на полицијата го убиле убиецот на полицаец во околината на Лозница“, изјави Дачиќ, соопшти МВР на Србија.

Министерството за внатрешни работи на Србија претходно денеска соопшти дека интензивно трага по Фатон Хајризи, кој е осомничен дека ноќта на 18 јули во Липнички Шор го убил полицаецот Никола Крсмановиќ и го ранил полицаецот Вјекослав Илиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе