Вести Македонија Топ вести

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска добила дипломатски пасош

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска добила дипломатски пасош од Министерството за надворешни работи.

Како што рече во интервју за ТВ 24 (на 28 минута) нејзините колеги од Антикорупциска, односно шесте челнови кои поднеле барања, се уште чекаат одговор од МНР.

„Побарани се дипломатски пасоши за членовите на Комисијата, обезбеден е само за мене како нејзин претседател. За другите членови нема ни одговор дали ќе има дипломатски пасош. Легитимно право е на секој член да си побара, има институција која ќе цени дали им следува“, рече претседателката Димитровскаи објасни дека тоа им следува како избрани функционери и дека тие  често се поканети на настани во други држави.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе