Продолжуваат реакциите по инцидентот и тврдењата на возачите и синдикатите на ЈСП дека во сообраќај се пуштаат неисправни возила.
Од СДСМ ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека го уништи градот Скопје како и дека се дозволило да се возат небезбедни автобуси.
Во соопштението се наведува дека ЈСП е во колапс, скопјани се гушат од запалени депониии за кои ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе ги исчисти, јавните претпријатија не функционираат, велат од партијатa.
Додаваат дека сето ова се случува поради пропаднатите бизнис зделки на Арсовска и Мицкоски.
Од град Скопје пак ја обвинија владејачката партија дека по 21 пат е доставена предлог одлука за нови еколошки автобуси до советниците, а тие повеќе од две години не гласаат иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје.
Градските власти додаваат и дека претседателот на Советот, Трајко Славески, ниту на седница на Советот закажана пред еден месец не ја стави точката за нови автобуси на дневен ред за гласање.
Славески пак тврди дека овој предлог до сега не обезбедил поддршка од повеќе од 6-7 членови на Совет на град Скопје.
Додава дека Точно е дека ваква точка, предложена од градоначалникот Арсовска до Совет по 20-ти пат, не беше вклучена во предлог-дневниот ред за седницата на Совет на град Скопје што се одржа на 19 јуни.
Но, пропуштаат да ја известат јавноста дека при утврдување на дневниот ред за седницата предлог-Одлуката беше предложена како дополнителна точка од дневниот ред, додава Славевски.