Вести Македонија

Не користете мобилен додека возите, секој повик може да почека, внимателно и одговорно зад волан – апел на РСБСП

Не користете мобилен телефон додека возите. Секој повик може да почека. Покажете грижа за вашата и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, апелираат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Современото живеење не може да се замисли без користење на мобилен телефон.

„Но, наспроти предностите и функционалноста, неговата употреба додека сте вклучени во сообраќајот на патиштата може да биде причина за несакани ситуации“, потенцираат од РСБСП.

Оттаму посочуваат дека користењето на мобилен телефон додека управувате со моторно возило во прв ред го одвлекува вниманието (зборувањето на телефон одвлекува внимание, додека пишувањето пораки на телефон е двојно поопасно затоа што не само што го одвлекува вниманието, туку на момент возачот воопшто не го гледа патот и сообраќајот во кој е вклучен).

Според статистички податоци од релевантни институции од САД, возачите кои користат мобилен телефон додека возат имаат 23 отсто поголеми шанси да бидат вклучени во сообраќајна несреќа отколку другите возачи, додека истражувањата на СЗО покажуваат дека користењето на мобилен телефон за време на возење ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за четири до девет пати.

Студија од Универзитетот во Јута, САД, покажува дека времето на реакција на млад возач кој користи мобилен телефон е исто како и на 70-годишен возач кој не користи мобилен телефон, додека според Транспортниот институт на Вирџинија испраќањето пораки за време на возење е шест пати поверојатно да предизвика сообраќајна несреќа отколку возењето во алкохолизирана состојба.

– Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризична, опасна, но и спротивна на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило со што го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот на патиштата, истакнуваат од РСБСП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе