Вести Свет

Во Германија четвртина од вработените сè уште работат од дома

Обемот на работа од дома во Германија е на високо ниво неколку години по пандемијата на корона, иако е во благ пад во споредба со претходните години, објави Федералниот завод за статистика во Визбаден.

„Во 2023 година, 23,5 отсто од вработените работеле од дома целосно или делумно, што е мало намалување во споредба со претходните години“, се вели во соопштението на Федералното биро за статистика.

Конкретно е намален бројот на оние кои секојдневно работат дома. Во споредба со периодот пред пандемијата, уделот на вработени кои работат од дома е двојно зголемен.

Во март 2022 година заврши обврската на работодавачот да овозможи работа од дома, секогаш кога е можно тоа да се усогласи со работните процеси.

ИТ професионалците и младите најмногу работат од дома
Најголем процент од оние кои работат од дома е забележан во ИТ секторот, при што речиси 75 проценти од вработените работат од дома целосно или делумно.

Сличен висок процент е забележан и во секторите администрација, осигурување и бизнис консалтинг.

Најмал процент е забележан во здравствениот сектор каде само 6,4 отсто од вработените повремено работеле од дома. Слично низок процент бележи малопродажбата и градежништвото.

Работата од дома најмногу ја користеле помладите вработени од возрасната група од 25 до 44 години, што аналитичарите го поврзуваат со можноста за згрижување деца.

Со овие вредности на работа од дома, Германија е на средината на рангирањето во споредба со другите членки на ЕУ. Во рамките на Европската унија, работата од дома најмногу ја користат Холанѓаните, Швеѓаните и Финците, а најмалку Бугарите, Романците и Грците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе