Вести Свет

Нетанјаху: Интензивните борби против Хамас при крај, следен фокус Хезболах

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека со комплетирањето на офанзивата во Рафа, ќе заврши и интензивната фаза од операцијата во Газа. Но, тоа не значи дека војната против Хамас ќе биде завршена, појасни Нетанјаху, таа ќе трае се додека палестинската организација не биде уништена. По завршувањето на копнената операција израелската армија ќе продолжи да

Не сум подготвен да ја прекинам војната и да го оставам Хамас. Подготвен сум да направам делумен договор, и тоа не е тајна, да се вратат дел од нашите луѓе, но посветени сме да ја продолжиме војната по кратка пауза, за да ја комплетираме целта за уништување на Хамас. Не сум подготвен да се откажам од тоа, порача Нетанјаху.

Завршувањето на копнената операција во Појасот Газа нервозно ја очекуваат бранителите на северната граница со Либан, каде судирите со воено далеку посериозниот Хезболах, зачестуваат.

Нетанјаху најави дека по завршувањето на оваа фаза од операцијата, Израелските одбранбени сили ќе ги прераспоредат најголемиот дел од своите дивизии да му се спротивстават на Хезболах. Иако се надева дека ќе биде избегнато продлабочување на конфликтот преку дипломатски канали, Нетанјаху порача дека Израел може да го реши проблемот и на друг начин.

Договорот не е договор на хартија, хартијата не е важна, еве ви хартија, ќе ја земете и ќе ја скинете. Договорот е дистанцирање, оддалечување на заканата преку дистанцирање, преку физичко дистанцирање на Хезболах. Потоа тоа ќе треба да се спроведува, во моментов не знам дали ќе се имплементира ова. Но, едно знам, не сум подготвен да ја одржувам моменталната ситуација, и затоа се подготвуваме, рече нетанјаху.

Веднаш по грозоморниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври минатата година, тензиите на северната граница започнаа да зовриваат, резултирајќи со повеќе судири меѓу милитантите на Хезболах и Израел.

Западните сојузници на еврејската држава од самиот почеток на последната криза во регионот стравуваат дека ескалација помеѓу Хезболах и Израел може да резултира со вмешување на Иран, и избивање далеку поголем воен конфликт.

Голем дел од дипломатските напори на западните земји, покрај примирје во Газа и хуманитарна помош за Палестинските цивили, е фокусиран токму на спречување на нова војна меѓу Хезболах и Израел.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе