Вести Свет

Суша го зафати Виетнам, можно зголемување цената на еспресото и инстант кафето на глобално ниво

 Виетнам, вториот најголем производител на кафе во светот, го погоди силна суша, што доведе до загриженост за зголемувањето на цените на еспресото и инстант кафето на глобално ниво.

„Виетнамската трговска берза очекува производството на кафе да се намали меѓу 10 и 16 отсто поради екстремните жештини што ја погодија земјата меѓу март и почетокот на мај“, рече Нгуен Хуу Лонг, кој одгледува кафе на плантажа од 50 хектари во Гиа Лаи, една од најдобрите провинции за производство на кафе во Виетнам.

Иако времето е подобрено во последните недели, останува нејасно дали тоа ќе помогне да се зголеми производството и да се намалат цените на зрната робуста, сортата која најчесто се среќава во еспресото и инстант кафето, чиј најголем светски производител е Виетнам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе