Вести Македонија

Зоран Матевски-Новата Влада да продолжи да го гради концептот на интеркултурализам

Новата Влада да продолжи да го гради концептот на интеркултурализам, порача универзитетскиот професор Зоран Матевски.

Според него, само со јакнење на граѓанскиот идентитет ќе се надминат конфликтите на религиска основа какви што се јавуваат на повеќе места во светот.

По тоа прашање, тој смета дека Македонија е пример.

 

 

За деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, важно е да се зачувува секуларноста на државата и да нема мешање на религијата во политиката, бидејќи тие честопати се испреплетуваат со што се губи границата на секуларноста, но од друга страна смета дека црковните великодостојници како граѓани на државата имаат право да искажуваат свое мислење.

 

Овие прашања се разговараа на Втората светска научна конференција на тема Религиски дијалог и соработка на која учествуваат 60 еминентни научни од 22 земји. Присутни се научници од областа на  социологија на религија, анторпологија  на религија, историја на религија, и психологија на религија. Заклучоците од четиридневната конференција треба да послужат да се надминат конфликтите, но и превентивно да се дејствува во држави каде може да се појават такви проблеми.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расправа за ребеланс на буџет

Дејан Дејан

Прегазен на пешaчка патeка пред владата

Дејан Дејан

Eвакуирано селото Грчиште

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе