Вести Македонија

Форум на немнозински заедници: Припадниците на националните малцинства живеат на маргините

Националните малцинства се на дното по остварувањето на своите права, велат од Форумот на немнозинските заедници. Од оваа Коалиција на граѓански организации, која е формирана за да ги соедини помалубројните заедници во борбата за право, потенцираат дека се на маргините, иако според последниот попис се 10 % од вкупното население во државата. Според нив неопходно е да се вложува во образованието и културата за да можат да напредуваат и проактивно да учестуваат во сите процеси.

„Културните права – Уметничките друштва се приватизирани во домовите на нашите заедници, значи не добиваат никаква поддршка од страна на државата. Образованието на мајчин јазик – ромската и влашката заедница сѐ уште не можат да го остварат. Едно е што законски сега се направи компромис околу бројот на ученици, меѓутоа нема наставен кадар. Не е вложено во наставен кадар барем мајчиниот јазик да се учи“, изјави Надир Реџепи, „Форум на немнозинските заедници“.

Од Форумот порачуваат дека треба да имаат поголема поддршка од институциите и од новата Влада. Според нив одложувањето на поднесувањето на Извештајот за спроведувањето на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства, го попречува критичкото оценување на напредокот и почитувањето на нивните права.

„Ова е 6. пат каде Македонија известува што прави и како ги имплементира правата на малцинските заедници. Македонија доцни. Еве ние ја потсетуваме новата власт дека тоа треба што поскоро да се направи. А секако ние како граѓански организации ќе поднесеме алтернативен или извештај во сенка, во однос како ние ја гледаме сегашната состојба на националните малцинства и што треба да се направи“, вели Реџепи. 

Од Форумот додаваат дека ќе ги искористат сите можности за да укажат дека нивните права треба да се почитуваат, но и да учествуваат во сите национални и меѓународни процеси и политики.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Доброшинци без вода во летните горештини

Дејан Дејан

Велосипедските патеки од 500 илјади евра ги поделија битолчани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе