Вести Македонија

Зависноста на општините од државниот буџет најголем проблем на децентрализацијата

Децентрализацијата повеќе години тапка во место, а општините се уште се зависни од  државниот буџет и тоа кога треба да се сработат капитални инфраструктурни проекти. Истражувањата на експертите покажуваат дека главниот проблем на општините  е начинот на кој се финансираат.

Градоначалниците очекуваат фискалната децентрализација да се подобрува, со цел да имаат подобри општински и комунални услуги кон граѓаните. Истражувањата на невладиниот сектор покажуваат граѓаните сметаат дека не се доволно вклучени во процесот на креирање на буџетите.

На дебата за децентрализацијата организрана од ФРЛЗ – Штип беше истакнато дека  за проектите и кои од нив ќе имаат приоритет во финансирањето, носителите на одлуки на локално ниво имаат обврска да ги консултираат граѓанските организации и граѓани.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доброшинци без вода во летните горештини

Дејан Дејан

Велосипедските патеки од 500 илјади евра ги поделија битолчани

Дејан Дејан

Кој ќе го наследи Мустафа во Судски?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе