Вести Македонија

Николовски: Мора да се намалува јавниот сектор а да расте приватниот

Сите сме свесни дека јавната администрација е преобемна и неефикасна, а сите сме свесни дека приватниот сектор веќе има недостаток на работна сила, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во вечерашната Топ Тема на Телма, зборувајќи за обемната реформа на јавната администрација која ја најави ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека треба да се намалува бројот на вработени, продолжи Николовски потенцирајќи дека тоа било лошо протолкувано дека ќе имало реваншизам.

Тоа се работи коишто мораат да се менуваат во корист на приватниот сектор. Ние ако сакаме колку-толку ефикасна држава, мора да се намалува јавниот сектор а да расте приватниот сектор, рече Николовски.

Иако го зголемивме бројот на министерства, нашата идеја е да скратиме 20-на проценти од државните институции и функционерски позиции, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во вечерашната ТОп Тема на Телма.

Прво кратење ќе биде во делот на т.н економски директори, болниците веќе нема да имаат економски директори, сметаме дека тоа е една од причините за колапсот на здравството. Второ, ќе се укинат по двајца директори на секој клиника и ќе има само еден директор за цел Клинички центар во Скопје. Трето, ФЗОМ ќе добие еден директор наместо да има двајца, болниците низ државата ќе имаат по еден директор наместо да имаат два директори. Неколку агенции поврзани со министерствата, на пример се формира Министерство за енергетика, Агенцијата за енергетика се укинува, ќе се укина Фондот за иновации, таму ќе има и сериозна истрага, и бројни други институции, рече Николовски.

Николовски појасни дека законот беше поднесен по скратена постапка затоа што предлагачите сметале дека ќе биде нечесно да се именуваат министри, а по половина година нивните ресори да бидат укинати.

Вели дека има десетици институции од кои нема никаква потреба.

Министерствата да се носечки а непотребните институции кои надолу постојат, трошат буџет, имаат функционери коишто никој не знае што работат, да се укинат. Еве ќе ви дадам еден пример, никој не знае што работи т.н Инспекциски совет во оваа држава при постоечки инспекторати. Значи вие имате инспекторати за различни работи и плус на тоа инспекциски совет. Вакви примери има десетици, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

Фатен нов див приклучок на вода во Сарај – поднесена кривична пријава

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе