Вести Македонија Топ вести

ОЈО Скопје отвори истрага против пет лица за масовната тепачка на Ургентен – за сите е предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица кои се осомничени дека вчера, пред Ургентниот центар во комплексот Клиники „Мајка Тереза”, ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице, информираат од ЈОРСМ.

„По претходна физичка пресметка меѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство чекале лекарска помош за неговиот син на Ургентниот центар. Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв“, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе