Вести Македонија

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Полицијата го фати разбојникот кој со пиштол и среде пладне пред десетина дена ограби во “Скопјанка” во Аеродром.

-Денеска (15.06.2024) во 13.45 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.К. (31) од Скопје поради основано сомнение дека на 04.06.2024 во 11.50 часот извршил кривично дело разбојништво односно со закана со пиштол кон вработените во експозитура на банка во Скопје, одзел пари, соопшти МВР.

Најдени се и парите кои ги украл, околу 40 илјади евра во различни валути, а обвинителство отвори истрага за “Разбојништво” од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-На 4 јуни, осомничениот влегол во филијала на банка на улицата “Бојмија” во Скопје и со сериозна закана и употреба на огнено оружје – пиштол, загрозувајќи го животот и телото на двајца вработени во банката, одзел 2.628.901,55 денари со намера противправно да ги присвои. Веднаш побегнал од местото. По неговото пронаоѓање и лишување од слобода, пронајдени се и парите и тие се вратени на банката, соопштија од скопското обвинителство.

Од полицијата информираат дека за уапсениот М.К. е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што од страна на надлежен судија му е одреден притвор од 30 дена.

Мажот ја тепал и давел осомничената за двојното убиство во Кратово, соопшти обвинителството

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе