Вести Македонија Топ вести

Аврамоска Мадиќ во „Вин-Вин“: Проблемот во корупција во судството треба да ја бараме кај самите судии

Во самата стратегија за развој на правосудството и развојната стратегија, имавме голем број на закони, меѓу кои законот за судски совет и законот за јавни обвинители. По сето она што се случи во април во 2023 година, дојдоа препораките од Оценската мисија во септември, октомври. За да се имплементираат, требаше прво да се формира работна група, работната група брои 23 члена, требаше период да ги разгледаат и затоа е оној период и сега излегува нацрт текстот, вели Викторија Аврамоска Мадиќ, заменичка министерка за правда, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Во ниту еден момент, од страна на ВМРО-ДПМНЕ, во програмата не слушнавме како ќе го направат тоа. И во изминатиот период од година дена кога се случи тоа, јас постојано како заменик министер, меѓутоа и дел од вработените во министерството за правда и експертите кои беа консултирани, потенциравме дека тоа што се наметна, во преодни и завршни одредби, дека ќе се прекине мандатот со носење на измени и дополнувања на законот за судски совет ќе биде еден преседан што ќе се случи во правниот систем“, истакна Аврамоска Мадиќ.

Според неа, тоа е упад од извршната власт во судската власт.

„Уставот е јасен, кој сменет со амандмани од 2006 година, како се формира судскиот совет и кој сè може да биде член на судскиот совет. Она што ние го прифативме од препораките и го применуваме е клучното за утврдување на одговорност на тие членови. Ние во ниту еден момент на членовите и сега, во овој момент, ако по стариот закон судиите се одважеа, можеа да побараат утврдување на одговорност на членовите од редот на судиите кои самите ги избрале. Затоа сега им наметнуваме да ставиме законско решение дека тие ќе се бираат со мнозинство плус 1 од излезените или запишаните гласачи или избирачи или судии од таа изборна единица, односно апелационо подрачје, за да може да имаат некаков легитимитет, иако во овој период кога беше изборот на претставник во судскиот совет од апелационото подрачје во Битола, веќе тој е избран со 50 плус 1 од вкупниот број на судии од сите шест судови кои се од апелационото подрачје. Истото се случи и со Врховен суд“, објасни Аврамоска Мадиќ.

Таа порача дека, не само министерството за правда, туку сите кои што се засегнати, да го задржат интегритетот и суверенитетот на таа институција. Образложи и зошто.

„Нема да тргнеме во борба против корупција, ако ја разрешиме институцијата која врши избор, разрешување и утврдување на одговорност по барање покренато за судиите. Тоа е само една институција, тоа не е судскиот систем и највисокиот орган. Највисокиот орган е Врховниот суд. Проблемот во корупцијата во судството, ние треба да ја бараме кај самите судии кои што и таму се поединци. Да не генерализираме. Истото е и во советот на јавни обвинители. Тоа е орган кој избира и разрешува јавни обвинители, а не е тој што ја креира политиката за создавање на корупција кај јавните обвинители при одлучување на предметите и покренување на обвинителен акт, ниту пак кај судиите при одлучување кои се самостојни при носењето на својата одлука, првостепена, второстепена и пресуда“, изјави Аврамоска Мадиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе