Вести Македонија Топ вести

Измените на Кривичниот законик со последици и врз предметот „Империја“

Бизнисменот Зоранчо Митровски кој лани призна вина во предметот „Империја“ и доби условна осуда, од вчера повеќе не одговара кривично. Преполовено е и обвинението за бизнисменот Цветан Панделевски.

Обвнителството го повлекло обвинението против Митровски во целост, а Панделевски нема да одговара за злоупотреба на службена положба и перење пари, но судењето против него продолжува за измама и за друго дело перење пари, потврдија за Телма од Кривичниот суд

Од обвинителството за организиран криминал објаснуваат дека повлекувањето е поради измените на Кривичниот законик. Искористување на службена положба и овластување, за кое одговараа обвинетите, повеќе не постои во изменетиот Член за злоупотреба на службена положба.

А токму тоа дека искористувањето не е инкриминирано како незаконско со последните измени, пишува и скопска апелација во одлуката со која ја укинала пресудата против Зоранчо Митровски. Тој призна вина и доби условна казна во март лани.  Се жалеле и двете странки, обвинитеството незадоволно од условната казна а одбрана имала забелешки за конфискација и оштетното побарување.

Во меѓувреме се менува Кривичниот законик а Апелација го враќа предметот во Кривчен со повеќе насоки и упатства.

Истрагата за „Империја“ почна уште во СЈО а продожи во редовното обвинителство со 19 осомничени. На крај тројца седнаа во обвинителна клупа.

Најголем дел од осомничените склучија спогодби со обвинителството меѓу кои и екс шефот на УБК Сашо Мијаков и бизнисменот Орце Камчев. Три годишната спогодба за „Империја“ беше и единствена правосилна затворска казна за Мијалков од која издржа околу две години и излезе од затворот во Струга со условен отпуст.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе