Вести Македонија Топ вести

Петровска, Филипче и Деспотовски ги доставија кандидатурите за претседател, најавија внатрепартиско обединување

Славјанка Петровска, Венко Филипче и Јован Деспотовски денеска официјално ги доставија кандидатурите за претседател на СДСМ на изборите кои ќе се одржат на 30 јуни со непосредно гласање на членството.

Тројцата кандидати очекуваат победа на изборите а заедничко за нив е што најавија реконструкција и зајакнување на партијата по тешкиот изборен пораз и обединување на членството.  Кандидатите имаат свои програми кои ќе бидат објавени на веб страната на партијата а за кои велат дека се изготвени по консултации и разговори со членството на партијата и сегашни и поранешни партиски функционери.

Консолидација на партијата и избор на ново раководство е приоритет на Петровска чија програма го носи називот „Манифест за социјалдемократијата“  и според неа е клучно СДСМ да делува како цврста опозиција.

Деспотовски ја промовираше својата кандидатура и програмата симболично во 5 до 12 пред старата железничка станица која ја поистовети со моменталната состојба во партијата. Програмата го носи името „Нов почеток, нов СДСМ“ а покрај обединувањето Деспотовски најави формирање на партиски форум во кој ќе бидат вклучени сите поранешни партиски функционери и влада во сенка.

Филипче кажа дека има одлична комуникација со членството во партијата како и се поранешниот претседател Зоран Заев и смета дека тоа е предност на претстојните партиски избори. Обединување преку работа е планот со кој ќе настапи доколку биде избран за претседател.

Идејата на Деспотовски кандидатите за претседател да потпишат изјава со која се откажуваат од било која и каква партиска функција доколку не победат на внатрепартиските избори ја отфрлија Петровска и Филипче бидејќи сметаат дека отвара пат за заткулисни игри.

Рокот за пријавување на кандидати за претседател на партијата истекува утре а според информациите на Телма во Бихаќка ќе бидат доставени уште најмалку две кандидатури.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Дејан Дејан

Пожарите кај Измир ставени под контрола, огнената стихија сѐ уште беснее во Хатај

Дејан Дејан

Трамп го потпиша новиот закон за даночни олеснувања и кратења на социјални програми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе