Кога го налутија со скандали јавно повика на распуштање на Судскиот совет, но откако идејата ја изусти идниот мандатар Мицковски, министерот за правда во заминување Кренар Лога, се пишмани и го наклевети кај меѓународниот фактор.
Од утрово до странските амбасади и Евроската Унија циркулира допис од Лога, во кој вели дека најавите на парламентарнтото мнозинство за измени во законите за судски совет и оној на обвинителите е опасно и избрзано.
Лога, сугерира во текстот дека Мицковски ја освојува Власта, на сите нивоа и затоа не треба да се упаѓа во независните уставни категории како оние на судската власт. Иако биле на иста реалција со сега лутиот политички ривал, Лога под влијание на оценската мисија и нивнито извештај го променил мислењето.
- „Препораките од извештајот со особено внимание беа разгледани од највисоките претставници на правосудната, академската и стручната фела, како и граѓанскиот сектор и останатите засегнати страни. Дотолку повеќе што овие препораки се дел од најзначајните документи како Стратегијата за развој на правосудниот сектор, Патоказот за владеење на правото, како и Планот за раст. Дополнително, беше формирана работна група за законски реформи на Судскиот совет каде во повеќе наврати беа поканети претставници на тогашната опозициска партија и сегашен носител на владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, на што не добивме повратен одговор“, во Кренар Лога во допис до меѓународните инистуции.
Мицковски, изборната кампања ја користеше да ги прокламира и идните планови во судството говорејќи дека ќе ги распушти највиоските правосудни независни тела, за да се направат потребни зкаонски измени и самите судии да си бираат нивни претставници.
„Во кампањата ние зборувавме дека создаваме фронт против криминалот и корупцијата и тој фронт подразбира дека ние ќе го распуштиме републичкиот Судски совет и Советот на јавни обвинители, но не значи дека сега ние треба да предложиме. Така беше протолкувано од владините партнери дека еве сега ВМРО ќе ги распушти едните за да ги постави своите партиски октруирани судии. Не, самите тие нека си изберат на непосредни избори“, посочи Мицкоски.
Најавите на Мицковски се далечни од реализација бидејќи за законот за судски совет и оној за јавни обвинители потребни се над 80 пратеници. Идниот мандатар собра коалција со 78 пратеници, иако ден по изборите цирклуираат најави дека Мицковски освен, ВРЕДИ и ЗНАМ ќе прелее и тројца пратеници од идната опозиција. Па, така доколку идното парламентарно мноизнствио се обедини со над 80 пратеници, останува нерасчитено дали Мицквоски ќе ги релзиира плановите за измени на двата закони или ќе се држи до препораките на оценската мисија која укажа на над 40-тина забелешки кои треба на среден и долг рок да бидат усогласени.
Павле Беловски