Вести Македонија

Судски совет даде зелено светло, ќе се гласа само за Исамедин Лимани за иден член од редот на врховните судии по повлекувањето на Цветанка Периќ

Десетина илјади денари изборен материјал и кутии за гласање, но поголеми импликации на транспарентноста. Ова се само дел од заклучоци на членови на Судскиот совет откако втората кандидатка од редот на врховните судии одлучи да ја повлече кандидатурата.

Одлуката изборите да продолжат со еден кандидат едногласно помина во советот, но во расправата членовите се поделија во мислењата. Не постои основ да се поништи гласањето и потребни се измени за да може што повеќе судии да имаат можност да се кандидираат, истакна членот Селим Адеми.

Сепак, повлекувањето на Периќ буди сомнежи кај дел од членовите, бидејќи процесот се одвива со месеци, а таа не навестила ништо на комисијата при Судски совет, за во петок да ги извести писмено.

Сега предлог за член на Судски совет од Врховен останува осамен Исамедин Лимани, со што доколку биде потврден неговиот избор се отвораат дилеми околу принципот на бадентер со оглед дека во советот ќе бидат 4-ца членови од малцинствата, што е парен број при гласањето.

Местото од Врховен во Судскиот совет е испразнето околу една година, откако оставка даде Мирјана Радевска Стефкова, заедно со Зоран Герасимоваки, по контроверзното разрешување на претседателката на Советот на судии, Весна Дамева.

На огласот кој потоа беше распишан за пополнување на местото се пријави врховниот судија, Наќе Георгиев, кој пак пред да даде заклетва како член на Судскиот совет, поднесе оставка за да неговиот избор не биде законска пречка неговиот син да биде избран за судија.

Потоа пропаднаа неколку огласи за пополнување на местото, поради непријавување на кандидати, се до последниот кога се пријавија двајца врховни судии, Периќ и Лимани. Периќ, се повлече, а Лимани ќе биде гласан на 6-ти јуни.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе