Вести Македонија Топ вести

„Европски фронт“ поднеле тужба пред Управен на решението на ДИК за прегласувањето во Желино

До Управниот суд синоќа пристигна тужба од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија за прегласувањето во село Ларце во Општина Желино.

Управниот суд сега има 48 часа да одлучи по приемот на тужбата. ДИК на седница не го прифати приговорот од „Европскиот фронт“.

По прегласувањето во избирачко место во Ларце, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат повеќе.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ има 18, исто толку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ.

Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден убиен новинар во Мексико

Дејан Дејан

Европските лидери ја номинираа, сега и треба поддршка – Фон дер Лајен во „лов“ на гласови во ЕП за нов мандат на чело на ЕК

Дејан Дејан

Макрон, Ле Пен или некој трет – Франција е на 24 часа до најзначајните избори во последните децении

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе