Вести Македонија

Незадоволни од ниските откупни цени на зеленчукот, земјоделците од струмичко излегоа на протест

Раноградинарите од Струмичко се организираат и преку протести го изразуваат незадоволството од откупните цени на зеленчукот. Производството под пластеници е скап и макотрпен процес, па лошиот пласман ќе ги остави во долгови земјоделците кои штотуку почнаа со берба на домати. Вчера производителите од Просениково порачаа надлежното министерство да најде начин да им помогне, бидејќи ситуацијата е сериозна, а самите немаат решение за подобар пласман.

Изминатата недела протестираа и жителите од Иловица и Штука. Тие го блокираа патот револтирани од ниската цена на компирот.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство Трипуновски беше на средба со производителите и се договори минимална откупна цена на младиот компир. Годинава лошо мина и откупот на зелката, здруженијат тврдат дека околу 30 прценти од производството останало во нивите.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доброшинци без вода во летните горештини

Дејан Дејан

Велосипедските патеки од 500 илјади евра ги поделија битолчани

Дејан Дејан

Кој ќе го наследи Мустафа во Судски?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе