Вести Македонија

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Застапаност на етничките заедници во сите институции мора да има и добро е да има, е ставот на Арбен Таравари, претседател на Алијанса на Албанците (АА), кој го повтори и во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ во контекст на балансерот.

„Колку што знам, балансерот е воведен во 2006 година од ВМРО-ДПМНЕ, овој механизам кој што се користи сега. Доколку имаме друг метод, инструмент, алатка со која истовремено ќе се воведат и етничката застапеност и меритокрацијата, ние сме подготвени да разговараме“, рече Таравари.

Како што потенцира лидерот на АА, балансерот е злоупотребен од сите страни.

„Ако сакаме да ја поправиме администрацијата, време е да почнеме со меритокрација. Имаме доста бавна администрација. Не би сакал да генерализирам. И во неа има доста прекрасни луѓе кои што работат како што треба, меѓутоа не е баш добро функционална, бидејќи е максимално политизирана и партизирана“, смета Таравари, според кого една од обврските во наредните четири години е деполитизација и департизација, меѓутоа, како што додаде – „етничка застапеност мора да има, како и меритокрација“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе