Вести Македонија

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето, како и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донесе избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија.

Од Групација на осигурувањето при Комората сметаат дека Агенцијата за супервизија на осигурувањето со извештаиите кои ги доставува до Комисијата за автомобилска одговорност при Министерство за финансии создава хаос и забуна, дека не ги зема во предвид сите аспект на осигурителниот бизнис, влијае на Комисијата при Министерството за финансии и креира погрешна слика за реалноста на цените за авто осигурување.

Членките на Групацијата истакнуваат дека Република Северна Македонија се стреми да стане членка на Европската Унија, но амбиентот за работа на компаниите и начинот на донесување на одлуките влеваат несигурност во работењето на компаниите.

„РСМ е една од ретките држави каде државата се уште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар. За жал, оваа реформа се уште не е ни отпочната и ингеренциите за утврдување на цената на задолжителната автоодговорност се поделени помеѓу Владата, Комисијата за автомобилска одговорност и компаниите“, се вели во реакцијата.

Од таму додаваат декка со донесената Одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се лимитира делот за вршење на дејноста односно трошоците и се воспоставува 100% државна контрола над цените за автоодговорност.

Со ова, како што велат, земјата се оддалечува и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Доброшинци без вода во летните горештини

Дејан Дејан

Велосипедските патеки од 500 илјади евра ги поделија битолчани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе