Вести Македонија Топ вести

Димитриевски: Немаме договор за гласовите за вториот круг за претседател, за тоа ќе одлучи партиското раководство

Сè уште немаме договорено коалиција со поголемите партии за гласовите за претстојниот втор круг на гласање за претседател на државата, изјави претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски повикувајќи на масовна излезност на изборите на 8 мај.

Тој го повтори ставот од предизборниот период, дека за гласовите добиени на негово име нема морално, ниту етичко право да бара да се гласа за некој од кандидатите.

„Во овој момент нема договорено ниту една коалиција. Како ќе одлучи партиското раководство на партијата, така и ќе постапиме“, рече Димитриевски.

Димитриевски, барајќи ја поддршката за листата на пратеници во Изборната единица 5 на ЗНАМ предводена од Весна Бендевска, најави продолжување на патот во евроинтегративниот процес, изнаоѓање на соодветни решенија со редефинирање на преговарачката рамка, надминување на проблемите со соседна Бугарија и целосна интеграција на Македонија во ЕУ, но притоа заштита на националните македонски интереси, сопствен идентитет, јазик, самобитност, континуитет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе