Вести Македонија

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија денеска упатија заеднички повик до сите работници да се обединат и заедно со синдикатите да излезат на 1 Мај на протестот кој ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом под мотото „Ние работниците“.

Ова, како што информираат од ССМ, е договорено на заедничката средба на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски со претседателот на КСОМ Марјан Ристески и генералниот секретар на КСОМ Гоце Делчев Тодев.

ССМ и КСОМ ги слушнаа барањата на работниците за потребата од обединување на синдикатите и оваа години заедно го организираат работничкиот протест на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај.

Сојузот на синдикатите на Македонија  и Конфедерација на синдикалните организации на Македонија заедно излегуваат на работничкиот протест.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе