Вести Македонија

Глетката убава, а излезноста мала во скопските села Црвена вода и Палиград

На влезот на скопско Драчево табла на која пишува дека на 12км десно води пат до селото Црвена вода. Возејќи по патот немаше нова табла за влез во селото, а таму наидовме на неколку крави, кучиња, по некој жител, тишина и звуците на птиците. Мештаните запознаени дека денеска има избори, но многу е мал интересот за гласање, поради, како што велат, лошиот пат и услови за живот..

Гласањето во село Црвена вода денеска се одвива во амбиент различен од големите градски средини. Се гласа во импровизирана училница, а листата на жители со право на глас е 40.

Според кажувањата на мештаните, иако сите се запишани на хартија оваа бројка е намалена поради масовното иселување.

Слична беше ситуацијата и во соседното село Полиград, иако таму во избирачки список се запишани дури 242-ца граѓани.

Во нашата неколку часовна посета на скопските села, скоро и да не забележавме граѓани кои се упатија на гласачките места да гласааат за претседателските избори.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе