Петти марш на трансродовите лица под мотото „Маршираме храбро“. Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „Трансформа“, заедно со активисти и поддржувачи, денеска пред владата, побараа иднина во која трансродовите лица ќе можат да живеат отворено, безбедно и достоинствено.
Под мотото „Не се мешај во туѓи штипки“ се одржа и дебата на која извршната директорка на коалицијата „Маргини“ се осврна на ланската реакција на верските заедници во однос на донесувањето на овие закони. Екс минстерката за образование Мила Царовска била изненадена од ставот на интелектуалците дека воведување на родова еднаквост во основното образование ќе донесе штета.
„Видливоста е од суштинско значење во борбата за правата на трансродовите луѓе, особено во недоволно либерално и прилично затворено општество како македонското. Видливоста е вистински предизвик за стереотипите, ги разобличува заблудите и придонесува трансродовите луѓе да бидат прифатени како луѓе. Петтиот последователен Марш за видливост на транс луѓето во Скопје е всушност доказ дека трансродовите лица одбиваат да бидат избришани или замолчени и продолжуваат со својата битка да бидат прифатени како интегрални членови на нашето општество“, порачаа од „TрансФормА“.