Вести Македонија

Евроинтеграциите немаат алтернатива, охрабрување за ЕУ за забрзување на процесот на членство – телефонски разговор на Османи со американски сенатор

Благодарност за Резолуцијата во Сенатот на САД за поддршка на членството на Северна Македонија во Европска Унија, изразил министерот за надворешни работи, Бујар Османи во телефонскиот разговор со американскиот сенатор Питер Велч.

„Потврда дека нашиот процес на евроинтеграција нема алтернатива, како и охрабрување до Унијата дека нашиот пат кон полноправно членство мора да се забрза“, напиша Османи на Фејсбук.

Во објавата на социјалната мрежа, шефот на македонската дипломатија ја опиша Резолуцијата како „демонстрација на силниот сојуз меѓу двете земји и дека е во согласност со нашите заеднички заложби во рамки на Стратешкиот дијалог со САД“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе