На прашањето дали ќе има ли граѓани што ќе останат без можност да гласаат, претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Игор Јадровски, во вечерашната Топ Тема рече дека ставот на ДИК е истиот како и пред да бидат донесени измените на Изборниот законик.
Според него одредбата која ја сменија во член 41, технички ништо не кажува, туку кажува дека граѓаните кои што до денот на изборите ќе имаат наполнето 18 години ќе бидат впишани во Избирачкиот список за во образложението кое не е дел од законскиот текст, да се каже дека се мисли на оние граѓани кои што ќе наполнат 18 години пред првиот и вториот изборен круг, со што е создава една забуна, која што на последниот прес на ДИК беше разрешена и го потврдија она што комисијата во 2021 година го утврди како дискриминација, односно дека оние граѓани кои што ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга нема да може да гласаат на вториот изборен круг.
„Тоа е дискриминаторска пракса без разлика за колкав број граѓани се работи. Нас не ние важно колкав е бројот на граѓани, туку дека станува збор за системски проблем, посебно заради тоа што ова е уставно загарантирано право, а овие граѓани нема да може да гласаат на претседателските избори кои се одвоени од парламентарните, па повторно ќе имаме ситуација како во 2019 година и да не можат да гласаат во вториот изборен круг за претседателските избори“, рече во вечерашната Топ Тема, Игор Јадровски, претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
За тоа што може да преземе Комисијата, тој истакна дека не би навлегувал во во тоа како би требало да изгледа процесното решение, туку дека ДИК треба да најде „модус операнди“ како овие граѓани да си го остварат своето избирачко право. Материјалната правда е најважна.
„Нам ни стојат на располагаше тужба од јавен интерес, но не сум сигурен дека ова проблем кој треба да се реши со судска постапка. Ќе најдеме препораки до ДИК. Решението лежи во измена на процесните дејствија од Изборниот законик рече Игор Јадровски, претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.