Вести Македонија Топ вести

Петровска: Ако партијата процени, подготвена сум да бидам и носителка на листа

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и член на СДСМ денеска изјави дека партијата се уште не донела одлуки за носителите на листите на претстојните парламентрани избори, но оти е подготвена да биде и носител на листа доколку е тоа партиска проценка.

„Таа одлука сè уште не е донесена во рамките на партијата. Како што многу пати и досега одговорив, јас сум подготвена, ако е проценката направена, да бидам и носител или на избор на листа да бидам пратеник, а можам да не бидам воопшто. Она што досега го правам на сите позиции на кои што сум била назначена е да ги извршувам професионално и одговорно и сегогаш да дадам продонес за државата, вели Петровска.

На средбата со новинарите таа појаснува дека не е неамбициозна, но вели, треба да се направи проценка која ќе донесе подобри резултати за партијата.

Засега официјално познато е дека лидерот на партијата Димитар Ковачевски ќе биде носител на листата во првата изборна единица.

Дарко Каевски, пратеник од СДСМ во вторникот изјави дека е при крај внатрепартиската процедура и консултацијата со коалициските партнери во однос на носителите на листите во шсте изборни единици. Тој најави дека за многу скоро време партијата ќе излезе со целосните листи составени од квалитетни кадри.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе