Вести Македонија Топ вести

Земјотрес од 5.4 степени ја погоди Црна Гора, потресот почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Црна Гора во 04:06 часот по локално време, објави Црногорскиот завод за хидрологија и сеизмологија.

Епицентарот на земјотресот бил на 75 километри северозападно од Подгорица и на 32 километри северозападно од Никшиќ. Нема информации за повредени и штети. Покрај во Црна Гора, земјотресот е почувствуван и во Хрватска, БиХ и Србија.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри. Жителите на Црна Гора споделуваат искуства за силата на потресот кој ги разбудил, а некои од нив излегле од домовите.

Инаку, земјотресот во Црна Гора е почувствуван и во делови од Македонија, во крајниот северозападен дел на државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе