Болестите на минатиот век се враќаат, а вакцинацијата на поразително ниво. Пертусисот го запали алармот. Дали и зошто антиваксерството и медицината од социјалните мрежи, го победија здравствениот систем? Како да се врати редот и вербата дека приоритет се здрави поколенија?
Во Топ Тема дебата со: проф. д-р Катерина Ставриќ, имунолог, проф. д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација, д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести и д-р Сања Цилевска Младеновска, лекар во Поликлиника Букурешт.
Според здравствените работници, сменети се повеќе фактори. Нивото на здравствената едукација на населението и социјалните мрежи се меѓу поважните елементи што влијаат врз процесот на вакцинација.
„Додека родителот не го освестиме дека здравјето на детето е приоритет и дека се друго се мерки со коишто ние сакаме индиректно да делуваме, мислам дека санкциите, реперкусиите апсолутно се ефикасна мерка, но непопуларна и не треба натаму да се движиме“, изјави проф. д-р Грозданова.