Болестите на минатиот век се враќаат, а вакцинацијата на поразително ниво. Пертусисот го запали алармот. Дали и зошто антиваксерството и медицината од социјалните мрежи, го победија здравствениот систем? Како да се врати редот и вербата дека приоритет се здрави поколенија?
Во Топ Тема дебата со: проф. д-р Катерина Ставриќ, имунолог, проф. д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација, д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести и д-р Сања Цилевска Младеновска, лекар во Поликлиника Букурешт.
Според д-р Мехмедовиќ, бројката на заболени е рекордно зголемена.
„Затоа е загрижувачка состојбата и сме доведени во состојба да мораме да применуваме непопуларни мерки како што е забраната за движење на деца во градинка коишто се невакцинирани или нецелосно вакцинирани“, изјави д-р Мехмедовиќ.