Вести Македонија Топ вести

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ ќе се повлече, а Тхор ја „фузира“ со фирма во чие име стои Тексас – КОД на Телма пред 10-на дена објави за партнерот од Далас кој има стриптиз бар

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ ќе се повлече, а Тхор ја „фузира“ со фирма во чие име стои Тексас. КОД на Телма пред 10-на дена објави за партнерот од Далас кој има стриптиз бар.

Компанијата Тхор со попладневно соопштение објави дека фирмата ќе ја преземе компанијата Texas American International Holdings Inc. и соопшти дека аквизицијата (преземањето) е  „значаен потег кој сигнализира почеток на ново поглавје за Thor Industries LLC“.

Компанијата е возбудена да го објави нејзиното преземање  од „Texas American International Holdings Inc.“, водечка компанија призната по своите иновативни и стратешки деловни операции. Оваа аквизиција означува пресвртница во патувањето на Thor Industries LLC, поставувајќи ја сцената за период на засилен раст и проширување, стои во соопштението.

Тхор најавува дека и менаџерот на фирмата со седиште во Соравиа, Дрин Ахмети, инаку внук од брат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе ја напушти лидерската позиција во фирмата до крајот на годината.

На интернет не може да се откријат никакви детали за фирмата Texas American International Holdings Inc. која според соопштението на фирмата на Дрин Ахмети ја презема „Тхор“ во Соравиа. Има податоци за фирма со слично име American International Holdings Corp., а таа фирма е со седиште во Плано, Тексас односно во близина на градот Далас.

КОД на Телма пред десетина дена објави дека во јули лани, Ник Назар Мехмеди основал фирма со влог од 3 милиони евра и со седиште на истата адреса како Тхор. Ник Мехмеди е сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас, а скопската фирма му се вика Американ инвестментс и е регистрирана за консултантски услуги.

Иако Дрин Ахмети најавува дека ќе се повлече од компанијата „Тхор“ која ја дели адресата со фирмата на сопственикот на тексашките стриптиз барови Ник Мехмети, внукот на лидерот на ДУИ уште е директор/управител на фирмата Соравиа во чија сопственост е деловниот центар Соравиа, во центарот на главниот град веднаш до ГТЦ. Дрин Ахмети таму стана директор лани на први септември лани односно по примена позајмица од страна на фирмата на Ник Мехмети од основачкиот влог од три милиони евра.

Во обвинителството водат две предистраги за Тхор и Дрин Ахмети, едната е за Соравиа и купувањето на овој деловен центар која е проширена и во која има и други проверки за имот и за финансиски трансакции. Втората е во скопското обвинителство и се однесува на 749 парчиња пиротехника и огномети кои еден ден пред Нова Година беа најдени во гепекот на автомобилот на Дрин Ахмети.

Во второто продолжение на истражувањето на КОД на Телма беше објавено дека Ник Назар Мехмеди со Дрин Ахмети биле во придружба на министерот за образование и наука Јетон Шакири при средби со претставници на албанската дијаспора во Њујорк, на кои меѓу другото било разговарано и за соработка во образованието во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе