Вести Македонија Топ вести

Биле исплаќани, а не ги извршувале работните обврски – кривична пријава за злоупотреба на службена должност на екс директор на ПИОМ

Поднесена е кривична пријава против Д.Б. (45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска министерството за внатрешни работи (МВР).

Во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, кога ја вршел функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Д.Б. во име на фондот склучил повеќе договори за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25, став1, од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори, се наведува во соопштението.

„Имено, пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот на Република Северна Македонија“, соопштија од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе