Вести Македонија

Комисијата за заштита од дискриминација бара да им се овозможи да гласаат на сите граѓани и најавува дека ќе следи вознемирувачки говор

Граѓаните кои ќе наполнат 18 години се меѓу двата  круга на претседателски избори  се дириминирани затиоа што не можат да го остварат своето право. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација  утврдила дека во 2019  на претходните претседателски избори била направена  дикскриминација врз основа на возраст но и покрај тоа што уште пред две и пол години дале препораки со последните измени на Изборениот законик не ги опфатиле нивните предлози.

-Стануваше збор за околу 7 000 луѓе кои што не можеа да гласаат, а коишто полнат 18 години помеѓу двата круга на претседателските избори. Тие се стекнуваат со правото на глас согласно член 22 од Уставот за остварување на гласачко право со извршување на 18 години, меѓутоа недостатокот на процес на одредби во законот ги оневозможи да се запишат во избирачкиот список и со тоа да гласаат во вториот круг, рече Игор Јадровски, претседател на  КСЗД

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација апелира до партиите, претседатлелските кандидати  и кандидатите од партиските листи да се воздржат од вознемируачлки говор и говор на омраза и најавуваат дека ќе вршат мониторинг на социјалните мрежи и медиумите.  Ги повикаа граѓаните да пријавуваат вознемирувачки говор а за таа цел ќе изготва образец кој ќе биде прикачен на нивната веб страница.

Од комисијата потсетуват и на препораката до ДИК да ги напрви  пристапни гласачките места за лицата со физичка попреченост . Апелираат и до министерството за труд и социјална политика навреме да ги достави до ДИК податоците за граѓаните сместени во домови за стари лица да можат и овие граѓани да го остварат избирачкото право. Комисијата препорачува и ДИК да обезбеди алтернативни гласачки места за околу 300 лица со попреченост кои се уште се водат во установите за социјална заштита  но со процесот на деинституционализација сега се сместени во станбени единици со поддршка.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе