Вести Македонија Топ вести

Топ Тема: Предизборието почна со црна кампања, а портпаролките на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ најавуваат промоција на програмите

Топ Тема на Телма вечерва за очекувањата на граѓаните, наспроти партиските стратегии.
Предизборието почна со црна кампања. Дали Кодексот за фер избори ќе остане само памфлет?

Во Топ Тема Боби Христов дебатира со портпаролките Богданка Кузеска – СДСМ, Марија Митева ВМРО – ДПМНЕ и комуникологот Бојан Кордалов.

  • „Најчесто станува збор за реакции кои најчесто се поттикнати од другата страна. Најчесто се информираат граѓаните преку изјави и прес – конференции за тоа што направила СДСМ во изминатиот период, како и клучните работи кои ќе ги направиме во наредниот период“, рече во вечерашната Топ Тема Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Според неа СДСМ од сега наговестува дека ќе има кампања која пред се ќе биде промотивна за програмата и ќе има за цел да ги промовира како претседателскиот кандидат, така и пратениците кои ќе бидат на листите.

  • „Ова не е предвремен старт на кампањата туку е начин на комуникација со граѓаните, можеби поинтензивен политички речник, но ние како ВМРО – ДПМНЕ се фокусираме на работите кои ги имаме во државата и правиме рекапитулација на изминатите седум години на владеење на СДСМ и ДУИ“, рече во вечерашната Топ Тема Марија Митева, портпаролка на ВМРО – ДПМНЕ.

Митева не се согласува дека во соопштенијата за јавност на ВМРО – ДПМНЕ нема нешто што им се нуди на граѓаните, бидејќи во изминатиот месец има промоција на клучните делови кои ќе се најдат во програмата на ВМРО – ДПМНЕ под мотото „Платформа за иднината“.

  • „Она што го применуваат партиите очигледно е дека партиите се тие кои што ја водат „негативната“ кампања, а кандидатите се тие кои што ја водат „позитивната“ кампања. И затоа има соопштенија кои се негативни за противниците, а промотивните се на кандидатите“, рече во вечерашната Топ Тема Бојан Кордалов, комуниколог.

Според него падот на излезноста треба да ја покаже потребата за позитивна информативна кампања, но не ветувања. Потребни се многу повеќе идеи, концепти во соработка со добар тим и и со добри кандидати, истакна Кордалов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе