Вести Македонија Топ вести

Македонија одлежува 81 година од депортацијата на македонските Евреи во „Треблинка“

Со положување цвеќе пред споменикот на 7.144-те депортирани македонски Евреи во дворот на поранешниот скопски Монопол, Македонија денеска одбележува 81 година од депортирањето на македонските Евреи во нацистичкиот логор „Треблинка“.

„Денеска им оддаваме почит на 7.144 Евреи од Македонија. На Марија, Пепо, Жоли, Бесале, Дора, Давид, Руфел, Јаков, Боена, Мари, Ештер и многу други Евреи од Македонија, кои загинаа трагично во логорот на смртта ,,Треблинка”. Седум илјади сто четириесет и четири Евреи од Штип, Битола и Скопје никогаш повеќе не ги видоа своите родни градови“, рече претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви во својот говор.

Техничкиот премиер Џафери порача дека не се тука да отворат рани од болното минато, туку да испратат порака нешто слично да не се случи никогаш повеќе. Тој, меѓу другото, рече оти се придружуваат на велењето ,,не” за каква било форма на нетолеранција, антисемитизам, фашизам, агресија преку исклучување и говор на омраза.

Пред присутните обраќање имаше и амбасадорката на Израел, Симона Франкел која истакна дека комеморацијата на депортацијата на еврејската заедница во државава во нацистичките логори годинава за Израел има ново и болно значење и кажа оти не сака да го споредува ,,холокаустот со масакрот од 7 октомври“.

„Првиот е најголемата можна трагедија која се случила во современата еврејска историја, вториот е најлошиот ден за Израел од формирањето на нашата држава. Не можеме да го игнорираме фактот дека, доколку постоеше државата Израел, холокаустот можеби немаше да се случи. Од 11 март 1943 година изминаа 81 година, кога еврејските заедници од Скопје, Битола и Штип беа однесени до зградата на Монополот и затворени во провизорни транзитни логори како резултат на добро планирана операција“, рече Франкел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе