Вести Македонија Топ вести

Заврши полициската поштенска служба – граѓаните од денеска сами по лична карта

Заврши полициската поштенска служба. Од денеска не чекајте да ви затропа полицаец на врата и да ви ја донесе личната карта на домашна адреса. Документот ќе треба да го подигнете сами во полициската станица во општината каде што сте заведени дека живеете во лична карта, а не во МТВ или БЕКО.

Од Министерството за внатрешни работи сметаат дека новиот начин на достава ќе има позитивни резултати и ќе ги намали гужвите и нервозата кај граѓаните. Ова важи само за личните карти. Пасошите и возачките дозволи ќе се подигнуваат на пунктовите каде што граѓаните се сликале…

Во меѓувреме се жалат дека премногу се чека за термин, па дури и по брза постапка. Велат дека за редовен термин се закажува дури за август, а по итна постапка во јули. Достапните обрасци се доволни до почетокот на мај, но се очекува набрзо да пристигнат нови за да продолжи динамиката на издавање на пасоши, уверува министерот Тошковски.

Според последните официјални информации потребно е да се издадат уште еден милион пасоши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе