Вести Македонија Топ вести

Заврши изградбата на браната Конско – најголемиот капитален проект во последните пет децении

Заврши изградбата на браната Конско – најголемиот водостопански проект изграден во последниве 20 години, но и најголем инфрaструктурен проект во последниве 50 години во гевгелискиот регион. Проектот вреден 40 милиони евра беше финансиран од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со браната се обезбедува потребниот капацитет за наводнување на годишно ниво, а акумулацијата ќе се користи и за развој на руралниот туризам, за спортски и рекреативен риболов. Во проектот се вклучени и ново вештачко езеро-акумулација и нов систем за наводнување со кој се опфатени околу 6.500 хектари земјоделски површини.

Со грант од Кралството Шпанија, предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата. Во рамките на хидросистемот се планирани се и 2 мали хидро централи.

Покрај министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и директорот на турската команија која што градеше Хасан Адали, на настанот се појавија и двајцата поранешни премиери, Зоран Заев и Димитар Ковачевски, поранешниот прв човек во МВР, Оливер Спасовски, како и актуелниот претседател и претседателски кандидат, Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе