Вести Македонија Топ вести

Со повици за итно ослободување на заложниците на Хамас, еврејската заедница одбележува 81 година од Холокаустот

Македонија се сеќава на депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта „Треблинка“. Амбасадорката на Израел, Симона Франкел од Штип порача дека многу малку луѓе преживеа во кампот на смртта, но таа воедно  повика и Хамас под  итно да ослободи 134  заложниците, во појасот Газа.

„Знаеме дека помеѓу нив има 19 млади жени кои во тунелите на Хамас страдаат од сексуално вознемирување и сексуална злоупотреба. Сите ние мора да дејствуваме и да повикаме на нивно итно ослободување, и да не ги оставиме таму. Со секој изминат ден кога ги оставаме во тунелите и не правиме сè што е можно за да ги ослободиме, им ги загрозуваме животите и тоа може да ја предизвика нивната смрт. Би сакале да повикаме на нивно итно ослободување“, порача амбасадорката Франкел. 

Во Скопје, Штип и Битола денеска со комеморативни седници, поворки на живите и посета на Еврејските гробишта се одбележува 81 година од Холокаустот, со што почит се дава на 7.144 Евреи од Македонија, меѓу кои и на 543 Евреи од Штип, кои починаат во логорот „Треблинка“.

„Да не се заборави“ порачаа денеска претставниците на Еврејската заедница, како и македонските делегации и граѓани, по повод 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Две нови барања на семејства на загинати во пожарот во „Пулс“ во Кочани, во сабота нов „Марш на ангелите“

Дејан Дејан

Судијката Даниела Димовска е в.д. претседателка на Кривичен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе