Вести Македонија Топ вести

Дали Македонија ќе лекува ранети украински војници?

Министерката за одбрана Славјанка Петровска не ја исклучува можноста ранети украински војници да се лекуваат во македонските болници. За идејата на украинскиот претседател Зеленски, претседателот Стево Пендаровски разговарал на самитот Украина – Западен Балкан, кој неодамна се одржа во Украина.

За капацитетот на јавните здравствени установи ќе ни треба мислење од Министерство за здравство. Меѓутоа во рамките на Министерството за одбрана постојат капацитети кои можат соодветно да бидат ставени на располагање. Немаме се’ уште конкретен датум, но Министерството за одбрана и армијата се подготвени и брзо и веднаш да реагираат“, рече Петровска.

Коментирајќи ги најавите на претседателот на Франција, Емануел Макрон, кои ги пренесе францускиот весник „Индепендент“, дека Франција би можела да испрати војници во Украина доколку линијата на фронтот се придвижи кон Одеса или Киев, министерката за одбрана Петровска, рече дека не станува збор за испраќање на војници, туку дека тоа е иницијатива за воспоставување на мисија која повеќе ќе биде во поддршка на Украина.

„Таа иницијатива не се состои во испраќање на војници на украинско тло, туку повеќе за воспоставување на мисија која повеќе ќе биде во поддршка на Украина. Засега се’ уште таа е во фаза на разговори, не се донесени конечни одлуки во која форма и како ќе биде спроведена, меѓутоа Република Северна Македонија е подготвена и во иднина да ја подржува Украина во својата борба. Не е разговарано за испраќање на војници, вклучително и на последниот министерски состанок на министри за одбрана кој го имавме во февруари во Брисел, апсолутно не е разговарано за испраќање на војници, меѓутоа поддршка во друга форма – да“, додаде таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Две нови барања на семејства на загинати во пожарот во „Пулс“ во Кочани, во сабота нов „Марш на ангелите“

Дејан Дејан

Судијката Даниела Димовска е в.д. претседателка на Кривичен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе