Вести Македонија Топ вести

Епидемијата со голема кашлица се проширува, четири бебиња се лекуваат во болница

Педесет нови случаи на заболени од  голема кашлица се регистрирани минатата недела, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Заразата и натаму најзабрзано се шири во Скопје, каде од 1 до 7 март има  43 новозаболени, а  за првпат болеста  е потврдена во Битола, Кочани и Кавадарци, каде засега има по 1 заразен.  Најмногубројни оваа недела се децата од 10 до 14 години, односно има вкупно 15 заболени на оваа возраст.

Возраста на заболените се движи од 0 до 40 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години (n=15).  Од новите 50 случаи, 5 случаи (10%) се хоспитализирани (4 деца на возраст под 1 година и едно од возрасната група од 1-4 години)“, соопшти ИЈЗ.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ вели дека бројките покажуваат проширување на епидемијата во Скопје, додека на територија на Македонија има само поединечни случаи.

Инаку од почетокот на годината до денес вкупно се регистрирани 173 случаи на голема кашлица, од кои 87 проценти живеат во Скопје, а останатите во уште 8 општини низ државата. Заболените се на возраст од 1 до 70 години,а 27 случаи се бебиња помали од една година. Повќе од една половина од вкупниот број на заразени, или 58 проценти не биле воопшто  или не биле комплетно вакцинирани,а за некои доказ за вакцинација. По препорака на Комисијата за заразни болести и Институтот за Јавно здравје, од 18 јануари на сите вакцинални пунктови во земјава интензивно се бараат невакцинираните лица и се повикуваат за вакцинација според националниот Календар за имунизација.   Министерот за здравство Илир Демири веќе ги потпиша препораките од Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на големата кашлица

„Се забранува прием и престој во детски градинки на територијата на Република Северна Македонија, на невакцинирани или некомплетно вакцинирани деца со ДиТеПер вакцина согласно возраста во Календарот за имунизација. Се задолжува Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведува вонреден инспекциски надзор во детските градинки на територијата на Република Северна Македонија и да го контролира спроведувањето на мерката“ се наведува во  мерките за превенција, спречување и сузбивање на големата кашлица“, изјавија од ИЈЗ.

Овие мерки ќе се применуваат од следниот понеделник, од кога  градинките низ државата нема  да примаат децата кои не се вакцинирани против голема кашлица.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Две нови барања на семејства на загинати во пожарот во „Пулс“ во Кочани, во сабота нов „Марш на ангелите“

Дејан Дејан

Судијката Даниела Димовска е в.д. претседателка на Кривичен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе