Вести Македонија Топ вести

Стереотипи и предрасуди – жените можат да бидат успешни бизнисменки со добра организација и упорност

Марјана Кочoвска е столар од Крушево, која пред 10 години го презела водството во овој семеен бизнис, стар половина век. Неа и беше доверена изработката на вратите и прозорците во обновениот Офицерски дом во Битола на што е посебно горда. Вели дека не е лесно да се биде жена во овој сектор во кој се уште има поделби на машка и женска професија.

„Постојат тие стереотипи. Иако директен конфликт сме немале, сепак се чувствува таа поделба и надменост“, вели Марјана Кочовска, претприемачка од Крушево.

Бети Димоска од Прилеп има работилница за производство на механизми за мебел. Вели дека има предрасуди, но полека исчезнуваат, а општеството дава можност и на жената доколку има потенцијал, идеја и визија да се оствари како претприемач.

„Сега како повеќе се вмрежува жената во општеството, во економијата,  се рушат тие  стереотипите и дека се помалку  се гледа на жената со недоверба“, вели Бети Димоска, претприемачка од Прилеп. 

Мери Марчевска од Могила се занимава со производство и продажба на цвеќе. Вели не е лесно, но, успеала со многу труд и упорност. Битолчанката Ана Ристевска која води бизнис во ИТ секторот  смета дека е потребна поголема солидарност за кариерен развој на жените.

„Да влезат во сопствен бизнис. Ние почнавме 10 години откако завршивме факултет и успеавме. Да пробуваат и да не се откажуваат“, вели Мери Марчевска од Могила.

„Треба да ја спомениме економската емпатија, да се формираат здруженија, да се прават проекти, совети за да поттикнеме женско претприемништво“, вели Ана Ристевска од Битола.

На трибината „Мали бизниси во сопственост на жени во Пелагонискиот регион“ што ја органзиираше невладината „Интерактив“, сите пратија порака дека бариеритe за женското претприемништво можат да се надминат, младите да не се откажуваат, затоа што и во Пелагонсикиот регион, кој е силно погоден од иселувањето, жените можат да водат успешен бизнис.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Следниот четврток европратениците ќе гласаат за недоверба на Комисијата на Фон дер Лајен

Дејан Дејан

Во сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Ливерпул Диого Жота

Дејан Дејан

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе