Вести Македонија Топ вести

Шест пријави за злоупотреба на Изборниот законик стигнале до Антикорупциска, ниту една за злоупотреба на службени возила

Изборен законик, етички кодекс, уредба за користење службени возила. Многу документи но и многу проблеми со користење на службените возила во приватни цели. Новите антикорупционери до сега не добиле пријава за злоуоптреба на службени возила до сега, пријавите на нивна адреса до сега се за други злоупотреби на Изборниот законик.

  • ДКСК: Ве информираме дека заклучно со 04.03.2024 година до ДКСК нема пристигнато пријава по основ за користење  на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи. Заклучно со наведениот датум до ДКСК доставени се вкупно 6 (шест) пријави кои се однесуваат на сомневања за други злоупотреби согласно Изборниот Законик.

Користењето на службените возила повторно се актуелизираше откако во неделата вицепремиерот Бојан Маричиќ беше регистриран од медиумите како со службено возило доаѓа да се потпише за кандидаурата на Пендаровски. Опозицијата  побара од ДКСК да реагира за злоупотреба на службено возило на партиски. Тој во интервјуто за 360 степени вели дека како вицепремиер е  во кругот на функционери кои имаат 24-часовно обезбедување и службено возило согласно закон но и владината уредба за обезбедување на личности и објекти. Вели,  застанал попатно мегу серија службени состаноци  но  и дека многу често тој нема право на избор кога и каде да се движи со службено возило.

Од Антикорупциска до сега не се произнесоа конкретно за овој случај туку објавија соопштение во кое ги издвојуваат одредбите од законите и поздаконските акти кои се однесуваат на службените возила.

Изборниот законик забранува користење на канцелариски простор, опрема и службени возила на државните органи во изборна кампања од 04 април до 8 ми мај но користењето на службените возила за приватни и партиски цели е забрането во текот на целата година според други два документа издадени од владата- Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции и Упатство за користењето службени возила во сопственост.

Претходниот соста на Антикорупциска често обелоденуваше злоупотреба на сужбени возила и канцеларии од функционерите но и на последната пресконференција од нивниот мандат повторија дека предупредувања имало казни не.

Според Етичкиот кодекс пријавите одат во кабинетот на вицепремиерката за добро владеење која може да даде писмени укажувања но мерки како што е политичка одговорност на функционерите може да изрече премиерот.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе